Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен директор на Фондот за здравство, Никола Пановски во интервју за порталот „Призма“ вели дека е без научна основа владиното инсистирањеи граѓаните кои веќе имаат прележано коронасо да се вакцинираат со две дози од вакцините.

Како што истакнува Пановски, неколку странски трудови, како и еден труд од Медицинскиот факултет во Скопје покажале дека една доза од вакцината „Фајзер“ (таа била испитувана) била доволна за тие што веќе ја прележале болеста.

Пановски истакнува де не може и не би смеело еден ден по објавата на тој труд на Медицинскиот факултет, во јавноста да излезе министерот за здравство, Венко Филипче, кој е неврохирург, и да кажува дека мора да се примат две дози.

Што сака да каже? Дека не го прочитал трудот или дека не го признава трудот?

 

Јас не сум се чуствувал така лошо по таа изјава на министерот, уште откако претстедателот Ѓорги Иванов даде аболиција. Тогаш ми беше срам дека сум професор како претседателот, кој си ја понижи струката. Така и вчера се чуствував – вели Пановски во интервјуто за Призма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.