Ковид-19 треба да се лекува со холистички пристап, односно наместо лекување на поединечни системи и органи, да се пристапи кон третман на целиот организам, бидејќи специфично за коронавирусот е неговиот интелигентен пристап преку кој ја открива и таргетира генетската слабост на организмот и дава доминантна клиничка манифестација, која кај секој пациент е различна. Затоа, кај ова заболување, е неопходно да се бара и да следи спектарот на симптоми како кај ниту едно друго заболување.
Ова го заклучи д-р Габриела Новотни од Клиниката за неврологија на редовната он-лајн дискусија која ја организираше Лекарската комора, во насока на одржување и поттикнување на комуникацијата меѓу сите нивоа на здравствениот систем, со цел размена на искуства и сознанија во дијагностиката и третманот на пациентите со ковид-19. Досега се организирани седум вакви настани, кои се одржуваат секој петок и се отворени за учество на сите членови на Лекарската комора.
Докторката Новотни презентираше случај од Клиниката за неврологија каде бил донесен пациент на 14-годишна возраст кој кого била дијагностицирана церебрална венска тромбоза (мозочен удар) и наод за билатерална пневмонија, типична за ковид-19. Иако не е добиен позитивен наод од тестирање на ковид-19, сепак, со оглед на возраста и здравствената состојба било јасно дека иницијатор е ковид-19. За среќа, лекувањето било успешно.
Ковид-19 може да даде и одложени автоимуни одговори, како последица на молекуларна мимикрија, кои ги предизвикуваат антителата што организмот ги создава како последица на инфекцијата со ковид 19. Трнење на шаките и стапалата и отежнато движење се симптоми кои би можело да упатат на овој тип на компликации.
Сериозни и тешки компликации се и невропсихијатриските, како што се потешкотии при спиењето, несоници, страдање на меморијата, збунетост, намалена функционалност, делириум и психози.
Имаме еден специфичен ковид -19 делириум, состојба во која во период од неколку дена пациентот престанува да зборува и да се движи. Ако оваа манифестација на ковид-19 остане непрепознаена, пациентите може да завршат во психијатриски установи или центри за згрижување, а всушност станува збор за инфекција со ковид-19 – објасни д-р Новотни.
Сериозни и тешки компликации се и невропсихијатриските, како што се потешкотии при спиењето, несоници, страдање на меморијата, збунетост, намалена функционалност, делириум и психози.
Таа го отвори и прашањето кое веќе се дискутира во светот, дека како што по шпанскиот грип се појавила епидемија на енцефалит летаргика, дали можеби и сега ќе се случи нешто слично, односно дали паркинсонизмот, што е главна манифестација на енцефалит летаргика, може да биде третиот бран на ковид-19 пандемија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.