Пулмонологот и алерголог, доктор Бранимир Несторови од Србија, апелира до родителите да не креваат паника кога термометарот ќе покаже дека детето има температура од 39 или 40 и да не користат парацетамол, туку овој алтернативен метод е најефикасен за смалување на високата температура.
Дали знаете зошто луѓето имаат температура и кои се лекуваат побрзо, оние кои ја намалуваат или оние кои не ја намалуваат температурата? Побрзо оздравуваат оние кои не ја симнуваат температурата, според тоа, не мора многу да ја намалувате, може ако детето изгледа многу лошо. Има англиски препораки кои велат дека температурата треба да се намали само ако е многу висока, а детето изгледа лошо. Во спротивно, не. Она што е најдобро е туширање со млака вода и да го триеме детето со мека крпа како да се поти, вели д-р Несторовиќ.
Многу родители од антипиретици избираат парацетамол или бруфен за да ја намалат температурата, а докторот открива новина поврзана со еден од овие два лекови.
Парацетамолот завчера беше ставен на списокот за канцерогени супстанци во Калифорнија. Јас тоа постојано го зборувам, тоа е многу опасен лек затоа што му штети на црниот дроб и мозокот. Може бруфен, но генерално најдобро е да се намали температурата со некои „селски методи“. На пример, за возрасни, кафето е најефикасно за отстранување на температурата. Силното концентрирано кафе на секои 4 часа е одличен антипиретик. Можеби е најдобро лист од тиква, но каде да го најдеме сега? Тој е врвен во отстранување на температурата, се вари една и пол шака лист од тиква на литар вода и се пие 4 пати на ден и нема температура, тоа е врвна терапија, открива д-р Бранимир Несторовиќ.
Додава и дека родителите не треба да им ставаат чепчиња на децата, затоа што апсорпцијата од дебелото црево е променлива и не е иста кај сите деца
Температурата е одбранбен механизам, исклучително ефикасен, дури и ладнокрвни животни ја зголемуваат температурата кога се болни. Рибите ја зголемуваат телесната температура кога се болни. Тоа е природен механизам за убивање на вируси и бактерии. Само ако детето изгледа лошо, ако го боли глава, ако е малаксано, тогаш треба да се симнува температурата, заклучува д-р Бранимир Несторовиќ.
Извор: Телеграф.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.