Д-р Александар Митов, магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето почнува камапња со цел да се прекине ширењето на коронавирусот во Македонија со наслов „Никаде без маска“.

Денес, започнувам кампања за заштита од Ковид-19 „НИКАДЕ БЕЗ МАСКА!” Денес, Ве повикувам сите заедно ДА ГО ПОБЕДИМЕ ВИРУСОТ!

Во следниве неколку недели, многу познати лица ќе се вклучат во оваа кампања. Ќе објавуваме видеа кои ќе ја шират свесноста и ВАЖНОСТА од носењето маски.

Во наредниот период бројките на заболени ќе растат ИЛИ ќе се намалуваат – ОД НАС ЗАВИСИ, вели на Фејсбук д-р Митов.

Тој повикува сите да се приклучат на камапањата бидејќи  со тоа веројатно е дека ќе се спаси нечиј живот, на некој непознат, или на некој близок.

НикадеБезМаска

Почнуваме!, порачува д-р Митов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.