Знам дека рестриктивните мерки ќе се примат со доза на недоверба кај одреден дел од граѓаните, истакна на денешната прес-конференција д-р. Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Овие рестриктивни мерки донесени од Владата едноставно се неопходни, во овој периот, немаме друг начин, не постои соодветен лек, нема вакцина, не постои друга мерка којашто може да го спречи ширењето на епидемијата. Ве уверувам ако не се преземат овие мерки, ќе не очекуваат повисоки бројки коишто можат значително да го отповарат здравстевниот систем- рече д-р Микиќ.

Тој аплираше до граѓаните да го издржат овој тежок период.

Сепак се работи за ограничен период, во којшто треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца, се со цел да ги заштитиме оние лица кај кои овој вирус може да предизвика тешка клиничка слика, па дури и смртен исход- рече д-р Микиќ.

Смртноста е на ниско ниво, во однос на другите држави, потенцираше д-р Микиќ, кај нас е под 4 проценти, но мора да се придржуваме до мерките за да ги задржиме овие показатели, само така ќе излеземе од оваа епидемија со помали последици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.