Во однос на помладите, предупредувме дека Делта сојот на ковид-19 многу почесто ќе ги напаѓа невакцинираните и оние кои што имаат хронични болести. Затоа и честопати во извештаите на МЗ можеме да видиме дека голем од смртните случаи, меѓу 20 и 30 отсто се на возраст меѓу 18 и 49 години. Стапката на смртност кај оваа популациска група е значително поголема отколку кај алфа-сојот на корона, рече доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје во неговото гостување на „Сител“.
Предупредува дека ќе имаме силен и долг бран, но зголемениот интерес за вакцинација може да даде разултати за движењето на пандемијата.
Новите студии покажуваат дека вакцинираните имаат барем два пати подобар имунитет од прележаните, но тоа не значи дека нема да има понатамошна потреба од нови дози на имунизирање поради мутирањето на вирусот. Многу е тешко да кажеме дека со една вакцина ќе ја сопреме пандемијата. Се соочуваме со варијанти и ќе треба нивно постојано апдејтирање. Спутник направи апдејт за делта сојот, исто така и Синовак и Синофарм за своите вакцини, вели Мехмедовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.