Основната причина за зголемената смртност кај помладата популација е брзото ширење на вирусот и неговата лесна трансмисија. И во статистиките од Институтот за јавно здравје беше посочено дека најголемиот број на заразени е токму старосната група на помладата популација, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Тема на денот на „Сител“.
Тој вели дека откако е зголемен бројот на заболени пациенти прилично порано и повозрасните и помладите бараат помош од лекарите.
Според студиите заразата започнува помеѓу петтиот и седмиот ден, како и деветтиот и десетиот ден. Не постојат зборови со кои може да се опише како изгледа еден тешко болен пациент од ковид. Неможноста да земете воздух е страшна дури и во одредени моменти ние се ставаме во нивна позиција кога гледам како тие се борат. Неверојатно е тешко да се опише преку зборови како изгледа еден тешко болен човек од Ковид, вели др. Мехмедовиќ, специјалист по трудова медицина сега на супспецијализација на Клиниката за пулмологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.