Доктор Злате Мехмедовиќ, кој што од стартот на пандемијата е во првите редови, во лекувањето на заболените од овој опасен вирус, смета дека  загрижувачки е трендот на зголемување на бројките на новозаразени. Според него внимателното димензионирање на превентивните мерки може да го ублажи овој бран кој е веќе во фаза на создавање.

-Ова е бран кој ќе биде поинаков од сите други, очекуваме подолготраен и поинтензивен бран. Од темпото на вакцинација и новите превентивни мерки зависи дали бројката на новозаразени ќе ја надмине границата од 2.000 позитивни случаи на ден, вели Мехмедовиќ и апелира ова да се сфати како порака од загриженост и како повик за одговорност, оти борбата која ни претстои ќе биде за секој човечки живот и таа ќе биде најтешка до сега.

извор Вечер.прес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.