Доктор Горан Кунгуловски, на својот фејсбук профил, анализира што укажуваат последните ковид-бројки за прележаните, вакцинираните и непрележаните што не се вакцинирани.

Тој смета дека оние што ја прележале болеста имаат мала шанса да се заразат.

-Ефективноста на прележаноста кон нова инфекција (ре-инфекција) е некаде меѓу 80-95% зависно од старосната граница. Позитивниот аспект е што оваа ефективност не се намалува дијаметрално дури и после повеќе од 6 месеци; има студии каде што после 9-10 месеци останува таква. Прележаните со барем една доза на мРНК вакцина имаат 2-3 пати подобри исходи од невакцинираните прележани. Покрај тоа нивниот имун одговор созрева (барем 4-12 месеци) и може да неутрализира и идни соеви на вирусот коишто моментално не постојат, вели д-р Кунгуловски.

За непрележаните и невакцинираните докторот го вели следново:

-Имаат најголем ризик за сериозен тек на болеста и смрт и треба да се вакцинираат. Посебно тие во повисоките старосни групи. Тие се луѓето коишто ги полнат и ќе продолжат да ги полнат болниците, се додека не стекнат некаков имун одговор.. Полните болници имаат два главни ефекти: помалку соодветна нега на болните од КОВИД и намалена медицинска нега на болните со други хронични болести.

Целиот негов стручен став на тема корона вирус во продолжение:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.