Два дена после сомнителниот случај почнав да имам лесно покачена температура, главоболки и малаксаност. Имајќи ги предвид симптомите, самоволно се одлучив да направам тест за актуелниот вирус – објаснува за Педијатар.мк д-р Илбер Кокале, педијатар од Дебар и еден од новозаразените со Ковид-19 во нашата земја.

Во моментот искрено да ви кажам не чувствувам никакви тегоби (ни покачена температура, ни сува кашлица ниту малаксаност). Општата здравствената состојба е задоволителна – вели Кокале.

Според него последната студија направена од лекарите во Кина, докажала дека и
децата може да бидат заразени со Ковид-19, но со помал процент.

Затоа на родителите на децата им препорачувам да внимаваат и да ги заштитат, прво од сомнителни пациенти, второ совети за правилна исхрана и заштитни мерки, миење на раце, хигиено-диететски режим и чист воздух и здрава средина. Да ги почитуваат правилата на Министерството за здравство. Без паника, а секогаш пазење – објаснува Кокале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.