Д-р Хилари Џонс беше гостин во утринската програма „Добро утро, Велика Британија“ да даде свое лично мислење за реткиот, потенцијално смртоносен синдром што се јавува кај децата, а кој го поврзуваат со Ковид-19.
Познатиот британски лекар напомена дека е свесен дека многу родители се многу загрижени за синдромот Кавасаки, за кој во моментов пишуваат сите медиуми. Причината е што досега децата се покажаа како многу отпорни на инфекција.
Ние еднаш рековме дека децата се доста отпорни на коронавирусот, а сега имаме извештаи за прилично сериозен синдром што ги погодува децата, што може да се манифестира на различни начини, слично како кај возрасните – лекарот започнува со својата презентација.
Значи, осипите на телото, болки во стомакот, дијарејата, вртоглавица, се поврзани со симптомите на синдром на токсичен шок и болест Кавасаки. Кавасаки болеста е невообичаена. Тоа е воспаление во ѕидовите на средните и малите артерии низ целото тело, а нејзината причина не е позната. Се верува дека тоа може да биде резултат на реакција на вирусот – во тој случај вирусот предизвикува автоимуна реакција, а имунолошкиот систем почнува да го напаѓа телото. Синдромот на токсичен шок е отровна супстанција (токсин) од бактерии што се испушта во организмот и може да предизвика воспаление – објаснува лекарот.
Значи, тука зборуваме за многу мал број на деца кои имаат осип или други симптоми на овој синдром.
Некои од нив завршуваат во одделенија за интензивна нега на педијатри. Сега има голема загриженост затоа што лекарите се збунети, прашувајќи се што е тоа, дали станува збор за друга, се уште неидентификувана, инфекција или дали овие симптоми се всушност поврзани со болеста Ковид-19 – објаснува д-р Џонс.
За потсетување, некои медицински експерти веруваат дека овој синдром може да биде смртоносен.
Она што загрижува е фактот дека некои деца во Велика Британија, без претходни болести, умреле од редок „воспалителен синдром“ за кој истражувачите веруваат дека е поврзан со Ковид-19, изјави во вторникот секретарот за здравство Мет Ханкок. Некои деца починаа и покрај тоа што немаа претходни заболувања. Тоа е нова болест за која сметаме дека е предизвикана од вирусот на корона. Не сме 100 проценти сигурни, затоа што во некои случаи, кои биле тестирани за вирусот корона, дошло до негативен резултат, па затоа сега правиме истражување – рече Мет за LBC радио.
Со оглед на тоа што тестовите покажале дека некои деца се позитивни на коронавирусот, а други не, ова е токму она што ги збунува светските експерти, кои освен во Велика Британија, пријавиле слични случаи во Лисабон, Мадрид и Ломбардија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.