Проф д-р Александра Грозданова, претседателка на Националниот комитет за имунизација во емисијата Трилинг на ТВ 24 истакна дека вакцина би требало да се очекува во првото тромесечие од следната година.

Реално би требало да се очекува во првото тромесечие од следната година. Благодарение на Ковакс механизмот и Македонија ќе добие, ќе биде во исто време снабдена со онаа вакцина што ќе биде прва одобрена. Временската рамка очекуваме дека во моментов се уште овие вакцини одат во две дози што би значело дека имаме потврден заштитен ефект од само 6 месеци но се очекува дека станува збор за вакцина која ќе се прима еднаш годишно, изјави д-р Грозданова.

Според професорката Грозданова, никој нема да биде оставен, особено од категоријата на ризичните групи без вакцинација меѓутоа она што е битно треба да се направи приоритет на оние категории на луѓе кои што треба да бидат првенствено вакцинирани, тоа се хронично болните, сите оние кои и сега ги ставаме во категорија на ризични пациенти, но тука влегуваат и здравствените работници, дел од полицијата во секој случај да се обезбеди побрзо вакцинирање на онаа структура на луѓе што треба за општеството нормално да функционира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.