Пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 како една од причините за високата смртност од корона вирус го наведе тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба.

Постојат повеќе причини за високата смртност. Пациентите доаѓаат во тешка состојба. Не сите. Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена. Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори, рече Докиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.