Проф. д-р Дејан Докиќ вели дека родителите не треба да се плашат да ги пуштат своите деца во градинка.
Тие се сè уште мали и немаат доволен број АЦ2 рецептори и помалку се заразуваат со Ковид-19, а имаат и полесна клиничка слика – порача д-р Докиќ.
Тој информира дека 80 проценти од инфицираните кои доаѓаат во поликлиниките и болниците лесно го поминуваат корона вирусот, а 20 отсто имаат потреба од хоспитализација.
Директорот на Клиниката за пулмологија вели дека не може да каже дали британската мутација создава потешка клиничка слика, но за него е едно сигурно, дека тој побрзо се шири.
Гледаме дека британскиот сој навистина побрзо се шири. Тој се шири полесно заради тоа што има мутација на тој спајк-протеин. Тоа е протеин, со кој вирусот навлегува и се врзува со АЦ2 рецептори и навлегува во клетката домаќин. Но, не е само британскиот сој. Имате бразилски и уште поагресивниот јужноафрикански – објасни проф. д-р Докиќ.
Тој вели дека, иако сè уште не може да се каже дали британскиот сој дава потешка клиничка слика, оти тоа е уште на ниво на опсервација, не е лошо да се подигне степенот на заштита, со носење две хируршки маски и Н95, како и држење два метра дистанца.
Подобро да бидете посигурни и повеќе сериозни и претпазливи отколку да ги занемарите мерките на заштита – вели професорот.
Докиќ истакна дека сите вакцини против Ковид-19 штитат и создаваат антитела и против мутираните соеви.
Докажано е дека сè уште овие соеви можат да бидат спречени доколку пациентите се вакцинираат со постоечките регистрирани вакцини. Секој вакцина има и некои несакани ефекти, но мора да спомнам дека пред да се регистрира една вакцина од ФДА и ЕМА, треба да дадете сериозни докази дека таа делува и оти е безбедна. Значи, за сите, па дури и во ревизијата за „Астра Зенека“, ФДА и ЕМА изјавија дека тие се безбедни – вели Докиќ.
Тој објаснува дека по вакцинацијата е можно да се јават несакани ефекти како болка во раката, оток на местото на апликацијата, малаксаност, температура, болки по телото, но симптомите проаѓаат уште истиот ден.
Професорот порача луѓето да не се плашат од вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.