Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија Пулмологот Д-р Дејан Докиќ кажа во врска за големата смртност од Ковид-19 во нашата земја. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.
Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем, кој што се многу важни во вакви епидемии. Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.
Сето тоа во комбинација со проблемите што секоја индивидуа ги има е причина за поголемата смртност, потенцира пулмологот.
За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ кажа дека секој од нас не знаеме каков имунолошки систем крие.
Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кој некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше една од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор, информира пулмологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.