Епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски во изјава за „Фактор“ вели дека во Јужна Африка нема оптоварување на здравствениот систем со преполнување на болниците поради пациенти кај кои е потврден омикрон.

Дури и врвот веќе го достигнаа и бројките им се намалуваат, а без навала по болниците. Она што го кажав уште пред две недели, дека нема посебна причина да стравуваме и дека напролет короната кај нас ќе се сведе на сезонски грип, веројатно ќе се оствсри со високо ниво на веројатност. Исто така, штитот ќе ни биде дотолку поцврст, колку што повеќе граѓани примат трета доза. Тука мислам на постарите и хронино болните. Помладите од 50 години (ако немаат хронични болести), нема потреба да се ревакцинираат. За нив и за младите дури пожелно би било да се заразат со вирусот. Но, да почекаме какви информации ќе се добијат за тежината на клиничката слика за сите возрасни групи, особено постарите. Досегашните податоци се анегдотални. За недела-две ќе се добие појасна слика. Уверен сум дека иднината е во постојани контакти со вирусот, а не во бустер дози на вакцини – освен само за старите и хронично болните – сосема аналогно како за сезонскиот грип, нагласува проф. Даниловски за Фактор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.