Епидемиологот д-р Драган Даниловски за Канал 5 вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок како што се збори и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.
Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.
– Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика – вели д-р Даниловски за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.