Ако полека се тегнеме со вакцинирањето со тоа му се дава шанса на вирусот да и избега на вакцината, да мутира. Да најде начин преку мутирање и создавање на нови соеви да стане отворен на антителата што ги создава вакцината, но и на природниот имунитет. И тогаш ќе се соочиме со еден ужас без крај, – вели д-р Драган Даниловски.

Според него за да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот.

– Некои проценки велат дека сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини – вели за Алфа професорот Драган Даниловски.

Тој вели треба да вакцинираат што побрзо што поголем број на луѓе, затоа што само така на вирусот нема да му се даде шанса да се извлече од обрачот во кој се стега.

– Ако со ова темпо се продолжи да се вакцинира, значи просечно број на вакцини дневно дадени, иако тој број расте како што забележувам.Според Блумберг од 28 април вели просечен број на дози 1.842 за да се постигне 85 отсто од наслението да биде вакцинирано ќе требаат 4,6 години, ова е груба математика. Јас би апелирал до надлежните, ова темпо што е можно побрзо да го зголемат – макар десет пати побрзо – изјави професорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.