Професорот Драган Даниловски во разговор за „Фактор“ вели дека делта варијантата не ја одминува ниту нашава земја, но засега остануваме безбедна земја. Тој потенцира дека есенскиот бран ќе зависи од неколку фактори, како и дека потребно е децата да се вратат во училниците.
Очигледно е дека веќе летово ќе почне полека да расте бројот на случаите, но ако успешно се неутрализираат жариштата, идентификација и изолација на сите нивни контакти, нема да има нивно разгорување – вели професорот.
Што се однесува пак, до евентуален есенски бран на корона вирусот, проф. Даниловски вели дека интензитетот на тоа што се предвидува за од септември натаму, зависи од неколку работи.
Секому е јасно дека, штом сме дел од еден затворен систем на врзани садови, неизбежно е и кај нас да се прелее новиот сој. Формата на есенскиот бран зависи од успешноста на сопирање на влезот на инфицирани поединци од странство преку барање негативен ПЦР тест за секој патник, локализирање на настанатите жаришта на локално ниво и достигнатиот праг на колективен имунитет до настапување на есента – објаснува епидемиологот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.