Д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5 вели дека се гледа светлината, а дека епидемијата поминала ќе речеме најверојатно некаде на почеток на јули.
„Светлината на крајот на тунелот станува се посилна затоа што оној ткн. ефективен репродукциски број се движи околу 0,5. Тоа значи дека 10 заразени, болни, можат да заразат само петмина. Тоа значи дека неизбежно се случува стивнување, спласнување на епидемиското ширење. Од друга страна, колективниот имунитет сигурно е веќе некаде преку 60 отсто, можеби и некаде 65 проценти. Исто така, просечната стапка на позитивни тестови конечно падна под три отсто, и нешто што е многу битно, ткн. 14 дневна просечна инциденција, значи просечен број нови случаи, вчера е веќе 55 нови случаи на 100.000 жители, тоа е некаде 11,3 отсто помалку од претходниот ден кога имавме 62. Бројот на починати опаѓа, иако смртноста е уште висока. Бројот на хоспитализации опаѓа, значи се релаксира здравствениот систем. Е сега ако се појави од некаде индискиот мутант, веројатно ќе се влоши малку состојбата, но дури наесен, но не можеме да очекуваме висок бран, едноставно заради стекнатиот колективен имунитет“, рече д-р Даниловски.
За свадбите, вели, при се пониски ризици, логично е и постепено релаксирање на мерките.
Прашан кога да очекуваме конечен крај на епидемијата, вели дека за да прекине ширењето треба 14 дневната инциденца да се спушти под 20.
„Тогаш можеме да речеме дека епидемијата помина и при такви бројки можат да се релаксираат сите мерки, а тоа би било почетокот на јули, крајот на јуни, и да остане добар дел од летото за уживање“, вели оптимистички овој лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.