Уште еден здравствен работник кој беше заразен со ковид-19 донираше крвна плазма за да помогне во лекувањето на пациентите. Станува збор за доктор Кристијан Богдановски, кој е вработен во Итната медицинска помош во Македонски брод.

Уште еден наш колега даруваше крвна плазма. Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот! Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Д-р Богдановски е втор лекар кој даруваше крвна плазма, по претседателот на општинскиот огранок на Лекарската комора во Куманово, д-р Мирослав Бошковски.

Од Институтот за трансфузиона медицина утрово информираа дека досега се обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување крв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.