Сигурно веќе имаме хипохондрици и анксиозни. И јас исто реагирам. Ако се закашлаш, одма се прашуваш, грло ако те заболи, па во близина некој ако се закашла. Се случува некој во влез да помине да каже „комшијата од 4. кат го слушам кашла“. Веќе сме навлезени во тоа сценарио на општ страв, а за последиците психолозите и психијатрите подобро ќе кажат, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во разговор за МКД.мк.

Но ние чувствуваме и на нашата клиника. Во почетокот на пандемијата, на пример, бројот на намерни труења со цел самоубиство беше драстично намален, алкохолни труења скоро и немавме. Летово веќе бројот на алкохолни труења со раздвижувањето на народот се зголеми, но сега имаме многу зголемен број на суицидални труења, значи депресивни луѓе што не можат да го издржат целиот товар од пандемијата и посегнуваат по својот живот со корозивни средства, кои се навистина фатални. Бројот на труења со киселини е драстично зголемен во овие два месеца во однос на тоа што се случуваше претходни години.

Од друга страна, и бројот на алкохолни токсикации кај младите што ги продолжуваат забавите најчесто во Градски парк, е многу зголемен. Секое дежурство сѐ повеќе малолетници доаѓаат во коматозна состојба од алкохол што го консумираат по затворањето на кафеаните. Би апелирал нешто да се стори на тоа поле, вели д-р Беќаровски.

Додава дека најмладите пациенти што доаѓаат на Клиниката за токсикологија се 14 години, со оглед дека не смее помлади од 14 години.

Но доаѓаат и помали пациенти, кои ги препраќаме на педијатрија. Имало и деца по 11-12 години со алкохолна токсикација, додава тој.

Целото интервју на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.