Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на социјалната мрежа Фејсбук апелираше лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат.
На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во Македонија да имаат негативен тест или да се вакцинирани. НЕ ме послушавте.
На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. Не верувавте и навредувавте.
На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. “Настинката” не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време, пишува докторот на својот ФБ профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.