Пулмологот од ГОБ „8 Септември“, д-р Марјан Баловски во дебата на „360 Степени“ кажа дека во моментов во болницата се пациенти со тешка и екстремно тешка состојба.
Имаме вкупно 136 пациенти од кои 90 се веќе докажани позитивни, 40-тина пациенти се високо суспектни за Ковид-19, 7 се поставени на респираторно-асистирана вентилација, 6 се на вентилација со маска, значи одиме по тенка жица, буквално прашање на време е кога и тие ќе мора да бидат интубирани и да преминеме на инвазивна вентилација, а 80% од овие пациенти бараат кислородна поддршка. Како никогаш досега не биле толку искористени и боците за кислород и сите одделенија кадешто имаме централен довод на кислород. Можам да кажам, не само овој период кога е бројката поголема, туку и во претходниот период, буквално се справуваме со пациенти кои имаат тешка и екстремно тешка клиничка состојба, рече д-р Баловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.