Зголемен бројот на заболени од карцином во Охрид. Голем број пациенти се соочуваат со малигни и бенигни заболувања.
Пандемијата го отежна нивното лекување. Немаше редовни термини за следење на болеста, а воедно имаше и страв кај заболените да одат на редовни контроли од вирусот. Најчести карциноми кои ја напаѓаат и помладата популација се рак на бели дробови и простата.
Ова лето кога стивна пандемијата охридската болница беше преоптоварена со оперативни зафати.
Короната ги стопираше луѓето да одат на редовни и конторлни прегледи. Меѓутоа еве, успеавме и летниот период да работиме со нормален оперативен програм , за разлика кога други години обично во летниот период работевме само итен оперативен програм. Ете годива одлучивме и летниот период да работиме редовен оператвен програм, вели д-р Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид за Охриднет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.