Д-р Милош Бабиќ, молекуларен биолог и невробиолог, во својот напис за публикацијата „Наука во Србија“, детално објаснува што значи појавата на делта сојот.

Тој потенцира дека овој сој се смета за поопасен бидејќи е позаразен, односно едно заразено лице може да зарази дури 8 други лица.

Кај првичниот сој на ковид-19, секоја заразена личност заразувала околу двајца други. Раните проценки укажуваат дека човек заразен со делта-сојот заразува од пет до осум други лица. Кога еднаш ќе се појави во еден регион, делта сојот набрзо станува доминантен. Овој сој веројатно произведува значително потешка болест. Иако се потребни уште податоци, прелиминарните бројки покажуваат дека делта сојот предизвикува до 85% повеќе хоспитализации кај невакцинираните, ако се земе предвид староста на заразените. На пример, нивото на тешки болести и смрт е релативно мал во однос на бројот на зарази во Велика Британија, вели Д-р Бабиќ.

За делта-сојот пријавени се и некои нови симптоми: загуба на слухот, сериозни гастроинтестинални проблеми, а во ретки случаи и периферни гангрени поради комплетна блокада на капиларите на микротромбовите. За среќа, ова не е знак за промена на механизмите кои вирусот ги користи, само станува збор за поголемо и забрзано ширење на вирусот во организмот, што предизвикува повеќе микротромбози, фузија помеѓу ќелиите и сл., отколку кај претходните соеви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.