Сопругата на директорот на болницата „8 Септември“, Елена Костова Петрова, која е многу активна на социјалните мрежи, од тоа што го објавува, може да се забележи дека не се согласува со државната политика која се води за справување со пандемијата.
Во изминативе денови кога во државата се рушат рекорди на заразени од ковид-19, Костова Петрова, напиша три објави на фејсбук:
Кој брои други вирози и заболувања? Отруен е народот од страв!!! А замислете САД го укинува задолжителното носење маски во јавниот транспорт!!!
Не е ни хумано ни етички да се оди со ваква пропаганда!! Одвратно, пишува Петрова Костова.
Следуваше уште еден фејсбук статус на Костова Петрова.
Во третиот пост таа пишува:
Како бе додека беа избори, одмори, составување Влада немаше ваква паника и хистерија за ковидов, а све живо беше надвор здружени по хотели, викендички, свадби, журки, младите беа по цела ноќ надвор. Сега наеднаш за 3 дена хаварија!пишува Петрова Костова.
Таа и самата е од медицинската фела, и потекнува од познато медицинско-фармацевско семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.