Времето поминато на работа не е секогаш продуктивно.

Работното време би требало да се ограничи на четири часа дневно, барем според повеќе истакнати експерти. Тие сметаат дека ние едноставно не сме ни психички ни физички способни да работиме подолго од тоа.

Навистина е тешко за кој било човек да работи целосно концентрирано повеќе од пет часа дневно, за остатокот од работното време потребно е само малку фокус и се сведува на пополнување време.

Слободното време, односно таканареченото „празно време“ е исклучително важно за нас и за развивање на нашата креативност.

Поставувањето вистински услови за работа подразбира испланирани обврски, но и планирани паузи. Можеби ви се чини дека ова мислење се судира со верувањето дека времето е пари, но токму слободното време ни овозможува вистински да напредуваме.

Со други зборови, постои мала веројатност дека ќе ја зголемите вашата продуктивност со тоа што ќе работите повеќе и подолго. Дури и познатиот филозоф Бертранд Расел во својот есеј од 1932 година се залагала за четиричасовно работно време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.