На денешниот Светски ден за хигиена на рацете беа доделени благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од ковид-19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои. Миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси. Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи, објави министерот за здравство Вено Филипче на својата страница на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.