Секојднeвно лицето ни е изложено на нечистотии кои се наоѓаат насекаде околку нас и кои е невозможно да се искоренат.
За убавото лице и чистата кожа потребна е постојана нега и добри производи. Се разбира некои производи се поскапи од други, па понекогаш остануваме само на сапун и вода.
Познато е дека сапунот ја суши кожата и токму затоа потребно е да ја промениме оваа рутина.

Ако досега не сте користеле цимет за нега на кожата на лицето, со вас споеделуваме два типа на маски што со сигурност ќе ви ја направат кожата помека и помазна.

Маска број 1

Состојки:
– лажичка мед;
– половина мала лажичка цимет;
– оваа маска е слатка и прилагодлива за секој тип на кожа. Измешате ги овие состојки и нанесете ја маската на лице. Држете ја 15-20 мин.
Измијте се со млака вода и исушете ја кожата, птота нанесете хидратантна крема.
Оваа маска може да се користи и на било кој дел од телото зафатен со акни, поради брзото смирувачко дејство.

Маска број 2

Состојки:
– лажичка цимет;
– лажичка јогурт;
– малку вода ( по можност флаширана );
– оваа маска има посилен ефект и предлагаме прво да ја пробате на мал дел од лицето за да бидете сигурни дека нема да има спротивен ефект.
Ако почувствувате пецкање, нанесете ја маската само на делови од лицето зафетени со акни. За неколку минути лицето може да добие црвена нијанса, но тоа е нормално.
Маската направете ја мешајќи ги потребните состојки и оставете ја на лице 5 минути.
Откако ќе завршите, нанесете хидратантна крема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.