На домашно лекување се четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од Клиниката за детски болести, бидејќи се заразиле со мали сипаници, дознава „Сакам да кажам“. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, вели дека овие случаи се откриени пред неколку дена и дека заболените се со полесна клиничка слика, поради што се пуштени на домашно лекување.

Нема ништо чудно што се заразиле со морбили. Сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани постои можност да се разболат, а меѓу нив и здравствените работници. Затоа, апелирам да се вакцинираат сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани, не само децата, туку и возрасните. Епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција, вели д-р Караџовски.

Целиот текст на „Сакам да кажам“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.