Четири нови лица позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, за МИА утрово потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
Новозаболени во Кавадарци се жена на 52 години и 19 годишно момче кои се на домашно лекување и 53 годишен маж хоспитализиран на Инфективното одделение во велешката болница, појасни докторот.
Во Неготино, нов позитивен случај е жена на 39 години, која е на домашно лекување.
Се утврдуваат контакти што ги имале, со цел нивна изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.