Вкупно четворица Македонци се во карантин поради коронавирусот. Тројца се на крузерот во Јапонија и еден во Франција. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во текот на денот се очекуваат подетални инфорации и јавноста ќе биде информирана.

Тројца на бродот во Јокошима, Јапонија и уште еден наш државјанин во Франција се во карантин. Кинеските власти на соодветен начин ги третираат, и пред да заминат од земјата, мора да бидат таму 14 дена во карантин. Кина пушта само здрави лица да ја напуштат земјата, и тие би нê инфомирале за и ние да ги преземеме мерките тука, изјави Филипче.

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека тројца Македоници се на крузерот кој е во карантин поради коронавирусот.

Што се однесува до тројцата државјани на бродот, детални информации ќе добиеме во текот на денот. Контактираме и со светската здравствена организација, и веднаш штом добиеме информации, ќе ја известиме јавноста, рече Филипче.

Вчера министерот за здравство се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо, на која разговарале за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

Работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.