Во Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со ковид-19 изнесува 38 информираат од општината.
Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдуваат дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.
Исто така, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.