Во последниот извештај на институтот за Јавно здравје се наведува дека во болницата во Козле се хоспитализирани четири деца и четири родители позитивни на Ковид-19.
Во извештајот се додава дека нема хоспитализирани кои чекаат резултати од тестирањето за Ковид-19.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани се 45 пациенти, од кои на респиратор се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.