Весела Честоева, поранешна директорка на Археолошкиот музеј и пратеник во Собранието на својот фејсбук профил протестира поради апсурдните состојби во здравството и државата.

Апсурдноста на нашиот здравствен систем

Ниту еден поединец, ниту институција има право и моќ да си поигрува со судбината на една цела нација.
Неспособноста ваша доведе до тоа последните два дена цела ситуација да излезе од контрола.
И додека Вие си теравте партиска кампања во Куманово делејќи масло и компири на недолжните сиромашни ранливи граѓани , кои Вие ги дотеравте до таа ситуација денес бројката енормно се покачи на 21 позитивни на Ковид 19.
И тоа во услови на дводневен 24 часовен карантин кој го прогласивте во пет до дванаесет повторно оставајќи го народот да се турка по маркети и аптеки.
Имате ли Вие господа од Власта некоја стратегија или работите ги правите од час во час.
Одговорноста е само ваша и ничија друга.
Неспособни сте, ама се надевам дека се уште сте со здрав разум.
И малце ви беше тоа во Куманово се пуштивте и во Струмица криејќи се под плаштот на некаква хуманост од фамилијата Заеви.
Ако Заеви сакаа да бидат хумани можеа да донираат медицински материјал ( капи каљачи маски) па да не мора медицинските установи сами да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Апсурдноста отиде до таму да мораат жени сами да се организираат и шијат капи, маски и калјачи за медицински персонал.
А побарувачката се зголемува секој ден се повеќе и повеќе.
И наместо Владата да се организира и им помогне на овие лица, таа носи уредба со законска сила и им исплаќа плати на СЈО.
Па добро има ли овде некој со здрав разум?
Хипокризија невидена од широки размери.
Во ова време невреме наместо да се направи нешто и да им се помогне на здравствените работници , Вие одлуливте да ги нахраните Вашите послушници.
Жално и Тажно.
Оваа не и носи добро на нашата земја.
Одважете се и почнете да мислите како да помогнете.
Здравјето на луѓето е на прво место.!!!, напиша Честоева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.