Одржувањето на високо ниво на имунитет е еден од најважните чекори до спречување на инфекција со корона вирус или доколку веќе се случи тоа полесно да се преброди целата ситуација. Хидратацијата на телото овозможува правилен и функционален имун систем. Правилното хидрирање на телото со доволно вода, одбрани чаеви овозможува и правилно функционирање на имунитет и соодветна реакција при било каква бактериска или вирусна инфеција. Научниците советуваат при хидратацијата на телото да се вклучат следниве чаеви и тоа:
Зелен чај кој е богат со антиоксиданти и полифеноли EGCG кој го стимулира имунитетот. Покрај зелениот исто така и црниот чај потекнува од истото растение Camelлia Sinensis кој ги намалува воспалителните процеси во телото, делува против голем вид на вируси и бактерии, помага во намалување на симптомите на грип, настинки и други вирусни инфекции. На врвот од сите чаеви од оваа билка е Белиот чај кој изобилува со најголеми концентрации на антиоксиданти, катехини и л-тиамин аминокиселината.
Коренот од ѓумбир во чајот: ја подобрува циркулацијата на крвта дествувајќи како вазодилататор, има антикогултивно дејство што значи е добар против тромбоза, делува поволно на системот за варење, бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните сокови, ги релаксира дигестивните мускули, ги апсорбира и неутрализира отровите во желудникот, со што помага при грчеви и лошо варење, на системот за дишење делува како антисептик и антиспазмолитик, со што помага во случај на воспаление на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците, ефикасен е при лекување на настинки, грип и ублажување на симптомите на КОВИД-19.
Користењето на екстрактите на бозел (елдербери) значително го намалуваат временскиот период на траење на грипот и настинката. На едно истражување објавено од Националната Библиотека за медицински истражувања во Америка, направено на 60 луѓе со грип кои што конзумирале по 15 мл. од бозел сируп 4 пати на ден покажале значително подобрување за 2-4 дена, додека пак оние кои не користеле од сирупот им требало 7-8 дена за да имаат подобрување на нивната состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.