Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Центарот за зависници од дрога од општина Кисела Вода ќе биде дислоциран во поранешната менза на фабриката „Металскиот Завод-Тито“. Министерството за здравство веќе има добиено решение од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дислокацијата треба да се случи до крајот на годинава.

Но, објектот не е во сопственост на општината, за таа да може да дава согласност за користење.

Одлуката на општината мора да помине низ Советот, односно за неа да гласаат советниците од сите партии.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.

Дел од граѓаните на Гази Баба не се согласуваат со оваа одлука на Георгиевски.

Почитувани сограѓани, заедно да кажеме СТОП за намерата на Владата, Центарот за зависници од Кисела Вода да го смести во кругот на фабриката во МЗТ во општина Гази Баба. Како граѓани немаме против оваа категорија на граѓани и нивните права и потреби, но нема да дозволиме никој да го нарушува мирот на нас и нашите семејства, стои во апелот и пораката на социјалните мрежи објавени во групата „Наша Гази Баба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.