Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа, соопштија од Министерството за здравство.
Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, Министерството за здравство информира дека истиот продолжува со работа како и досега.
Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви, велат од Министерството за здравство.
Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето.
Во текот на денешниот ден се прават и ќе бидат завршени епидемиолоши анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.
По добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утвдри потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.