Центарот за јавно здравје потврди дека има починат 35-годишен скопјанец од маларија со која се заразил престојувајќи во Гана.
„Република“ објави дека триесет и пет годишен скопјанец починал од маларија со која се заразил во Гана каде што бил на службено патување. Како што дознаваме, скопјанецот бил државен службеник, вработен во јавната администрација од каде што бил испратен на службен пат во Гана. Според нашите извори тој се заразил во Гана, а по враќањето во Македонија состојбата му се влошила.
Да, има починат од маларија кој престојувал Гана. Сè уште немаме официјална пријава, но ова е информација од Центарот за јавно здравје кој денес направи епидемиолошко истражување и во текот на утрешниот ден ќе ни испрати информација со повеќе детали, изјави за „Република“ д-р Кристина Ставридис од Инстутот за јавно здравје.
Маларија е заразна болест што ја предизвикува мал паразит наречен плазмодиум. Има вкупно четири видови од овој паразит и секој има свои специфичности.
Во зависност од видот на паразитот од родот Plasmodium и времето на инкубација, првите симптоми можат да се јават 7-14 дeна или дури и 8-10 месеци по внесувањето на паразитот.
Симптомите на маларијата, особено во првите неколку денови, не изгледаат ништо поинаку од вообичаените симптоми кои ги имаат некои други болести што ги предизвикуваат бактерии, вируси или паразити. Тоа вклучува зголемена телесна температура, главоболка, замор, засилено потење, повраќање, а можат да се појават и нешто поинакви знаци како суво кашлање, болки во мускулите, зголемување на црниот дроб или дури и нервни дисфункции и губење на свеста, а во најтешките случаи – кома и смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.