Руското Министерство за здравство ја одреди максималната цена на вакцината против коронавирусот Спутник V на 1.942 рубљи за две дози (21,5 евра), изјави денеска Алексеј Кузњецов, помошник министер за здравство.

Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на производителот на вакцината за спречување на инфекцијата со коронавирусот Спутник V, што ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја. Тоа е 1.942 рубљи за две дози, изјави тој за руските медиуми.

Кузњецов додаде дека цената на кутија со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубљи (околу 108 евра).

Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна, истакна тој.

Руската Влада претходно ја додаде вакцината на списокот на основни лекови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.