Сите честички на коронавирус кои моментно циркулираат низ светот може да ги собере во една лименка од сок, тврди британски математичар. Тој се обидува да прикаже колку голем проблем може да предизвика нешто толку мало што го собира во конзерва .
Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на нови инфекции и проценките за количината на вирус по лице, математичарот од Универзитетот во Бат заклучил дека во светот има околу два квинтилиона честички на коронавирус, или околу две милијарди.
Научникот Јејтс пресметувајќи ја големината на коронавирусот, кој во просек изнесува околу 100 нанометри, го пресметал вкупниот волумен на вирусот.
Дури и кога ќе се пресметаат шилестите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен е сè уште помал од оној на лименка за сок од три децилитри.
„Неверојатно е кога ќе помислите дека сите овие проблеми, хаос, тешкотии и загуби на животи се резултат на нешто што го собира во две голтки“, вели Јејтс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.