Раководството на Медицински центар „Мајчин дом“ во Софија се обрати до бугарската Агенција за медицинска ревизија при Министерството за здравство да изврши проверка во врска со гинекологот д-р Николче Дамчевски, кој има потврдена казна затвор од две години од Апелацискиот суд во Скопје.
До утврдување на околностите во случајот, на докторот му се забранува да извршува медицинска дејност, изјавија од софискиот Медицински центар „Мајчин дом“.
Дамчевски во период од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување. Иако знаел дека оштетената не е бремена, ѝ правел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање.
Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање, тој ѝ признал на пациентката дека таа не е воoпшто бремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.