Откако здравствените власти во последното деноноќие регистрираа нови 978 случаи на Ковид-19 и 24 починати пациенти, од кои двајца на 39-годишна возраст, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Починати се 5.842 лица, а бројот на активни случаи достигна 14.127.
Речиси половина од новодијагностицираните случаи се од Скопје или вкупно 405 по што следува Тетово со 72 нови случаи. Двоцифрен е бројот на нови случаи и во Струмица – 66, Куманово 55, Гостивар 48, Кичево 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.
По осум случаи има во Ресен и Пробиштип, по седум во Кочани, Свети Николе и Кратово, шест случаи има во Неготино, пет во Македонска Каменица, по четворица во Делчево и Виница, по тројца во Гевгелија и Берово, по двајца во Богданци и Македонски Брод и по еден случај има во Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар.
Во таква епидемиолошка сосотојба во земјата, здравствените власти апелираат на што помасовна вакцинација.
Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје – велат од Министерство за здравство.
Вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Според информациите од Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.
Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина – информираше Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.