Британската агенција за лекови и медицински производи (МХРА) препорача младите лица до 30 години да не ја примаат вакцината против ковид на „Астра Зенека“ туку на оваа возрасна група да ѝ се понуди друга вакцина како „Модерна“ и „Фајзер“.

Ваквата препорака доаѓа, откако МХРА регистрираше 79 случаи на ретко згрутчување на крвта по примената вакцина на „Астра Зенека“, од овие 79 случаи вкупно 19 лица починале.

Британскиот регулатор за лекови вели дека, иако не докажале дека вакцината го предизвикува ова ретко згрутчување на крвта, таа ќе се аплицира само кај повозрасни граѓани.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и згрутчувањето на крвта, јави МИА од Брисел.

Меѓутоа, од ова европско регулаторно тело на денешната прес-конференција, повторно укажаа дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците.

За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за „Астра Зенека“ ќе бидат актуализирани и ќе го содржат и згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.