Братучедот на популарниот пејач и водител Драган Вучиќ, кој пред повеќе од еден месец почина поради компликации од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, Благоја Вучиќ донираше крвна плазма, откако претходно беше излекуван од заразниот корона вирус, објави „Фокус“.
Тој заедно со Драган на почетокот на мај биле хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести. Благоја бил со средно тешка клиничка слика, со наод на бели дробови и ставен на кислородна поддршка.
Тој е со крвна група А-позитив. Сепак, неговата здравствена состојба се подобрила, ја победил битката со вирусот и во текот на вчерашниот ден дарувал крвна плазма со цел да се спасат повеќе пациенти кои се носители на опасниот вирус.
Текст и фото Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.