Министерството за здравство заедно со Здружението за борба против ракот „Борка“ почнуваат со спроведување Кампања за подигнување на свеста за ракот на дојка во Македонија. Кампањата започнува со панел дискусија што ќе се одржи денеска, понеделник, во Дом на АРМ Струмица, со почеток во 17 часот.
На панел дискусијата ќе се зборува за ризиците, предизвиците, можните решенија и следните чекори и активности што ќе бидат преземени од Министерството за здравство за намалување на бројот на заболени од рак и за создавање здрава популација.
На панелот ќе се обратат Венко Филипче, министер за здравство, Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица, Биба Додева, претседател на Здружението за борба против рак БОРКА – за секој нов ден, Скопје, д-р. Нино Васев, специјалист oнколог, директор на Универзитетска Клиника за Радиотерапија и Онкологија и д-р. Мери Пешевска, специјалист онколог.
Целта на кампањата е активно вклучување на сите релеватни и засегнати страни во создавањето здрава популација, свесна за ризиците и предизвиците, држава со значително намален број на заболени од рак и секако, држава со значително зголемен број на излечени од рак. Доколку се открие ракот на дојка во ран стадиум, може успешно да се излекува!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.