Четворица вработени во центрите за дистрибуција на пошта во близина на Виена, Австрија не го почитувале карантинот и продолжиле да работат, иако биле заразени со корона вирус.
На тој начин заразиле 158 лица, тврдат австриските медиуми.
Сега знаеме како коронавирусот влезе во центрите за дистрибуција на пошта“, изјавил неименуван извор во надлежната здравствена установа за виенскиот весник „Естерајх“.
Изворот посочи дека четири лица, кои биле позитивни на коронавирусот во Виена, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да работат во центарот во Хагенбрун како надворешна работна сила.
Тоа е можно затоа што виенските здравствени власти сè уште не го контролираат карантинот на самото место, туку само испраќаат СМС-порака до пациентите, кои можат да одговорат на тоа каде и да се.
Покраинската служба за криминалистички истраги во Виена започна истрага за случајот со инфекцијата што влегла во центрите на поштата.
Непридржувањето кон карантинот се третира како свесна закана за луѓето, а за тоа е предвидена казна до три години затвор.
Виенската полиција доби налог да провери дали неколку баратели на азил ја игнорирале одлуката за карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.