Битолската болница „Плодност“ започна со работа, според најавениот термин, 13 април. Персоналот кој работи во моментов во болницата е два пати тестиран, со негативни резултати, објави болницата на својата страница на Фејсбук.
Приватната гинеколошко-акушерска болница во Битола, „Плодност“ ги отвори вратите за своите пациенти по двонеделна пауза откако во болницата беше констатирано дека еден од лекарите и друг медицински персонал се позитивни на коронавирусот болницата беше затворена.
Се молат сите пациенти, кои се закажани кај своите доктори, строго да се придржуваат според претходно договорените термини. Со исклучок на итни случаи, болницата нема да прима незакажани пациенти.
Исто така, пациентите задолжително да носат сопствени маски, а потоа, при влез во болницата, да ги запазуваат сите препораки за дезинфекција и држење на соодветно растојание.
Истата процедура се однесува и на пациентите кои што доаѓаат од другите градови. Навремено да закажуваат термини за преглед, а доколку се случи да не се закажани, да чекаат надвор од болницата, се додека не се создадат услови да бидат повикани од страна на персоналот.
Бидете совесни, чувајте го Вашето, но и нашето здравје, велат од болницата „Плодност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.