Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и попристапна вакцина за Ковид-19.

Поединечната најголема донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.

Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни, наведе фондацијата.

Парите ќе послужат вакцините и тестовите да се испорачуваат и во средно развиени земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.